думаат 
    
	
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
	
	
    
	
    
	
    
	
    
	
      
        
          (се дума) се мисли
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Таа се думаше што да прави. 
              
            
          
          
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
  	  
       одблеснат 
    
	
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
	
	
    
	
      
        
          Одбие светлина, создаде одблесок.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Месечината одблесна по мирната водна површина. 
              
            
          
          
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
	
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
	
	
    
	
    
	
      
        
          Остава впечаток на тоа што го означува зборот со кој се поврзува.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Неговите очи оддаваа длабока тага.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
  	  
       одразат 
    
	
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
	
	
    
	
      
        
          Создаде, направи одраз, слика од нешто на некоја мазна површина (огледало, стакло, вода).
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Огледалото ја одрази жената послаба отколку што е навистина.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
	
      
        
          одбие, отсјае
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Огледалото силно ја одрази светлината од блицот.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
	
      
        
          Во уметноста - претстави, предаде.
        
        
        
           
           
		      
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                paraqet, reflekton
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
          
          
          Примери:
          
          
            
              Романот точно го одразува секојдневниот живот од тој период. 
              
            
          
          
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
	
      
        
          (се одрази) Се одбие, се отслика нешто на некоја мазна површина.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Сонцето на заоѓање се одрази на прозорецот.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
	
      
        
          (се одрази) За чувства, емоционални состојби - се покаже, се пројави.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Длабокиот немир се одрази и на нејзиното лице.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
	
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
	
	
    
	
      
        
          Создава, прави одраз, влијае, рефлектира.
        
        
        
          
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
  	  
       (се) осврнат 
    
	
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
	
	
    
	
      
        
          Се искаже за нешто, земе на разгледување нешто.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Тој критички се осврна на новите изданија. 
              
            
          
          
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
  	  
       отсјајуваат 
    
	
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
	
	
    
	
      
        
          Оддава сјај, блесок.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Сончевите зраци отсјајуваа на површината од водата.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
	
      
        
          Се одразува, се огледува во нешто.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Од очите му отсјајуваше душата.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
	
      
        
          (се отсјајува) се одразува
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Од запалените облачни крилја плискаат жарови што се отсјајуваат во нејзините кадифени очи.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
	
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
	
	
    
	
      
        
          Се замисли малку, донекаде.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Кога ја чу забелешката на професорот, тој се подзамисли малку, па одговори.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
	
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
	
	
    
	
      
        
          Размисли малку, или малку повеќе.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Стави прст на чело и барем подразмисли.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
	
      
        
          (се подразмисли) Се размисли малку.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Мора да се подразмисли како да се добие стабилен и издржан буџет.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
  	  
       (се) поумат 
    
	
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
	
	
    
	
      
        
          Се помисли, се замисли малку, кратко време.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Мајката се поуми, се поуми и тргна.
              
            
          
          
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
  	  
       пресликаат 
    
	
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
	
	
    
	
    
	
      
        
          Во книжевно дело - даде, прикаже нешто онака, како што е во реалноста.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Авторот го преслика есенскиот пејзаж во прекрасни бои.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
	
    
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
  	  
       (се) реперкуираат 
    
	
    
      Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
    
	
	
    
	
    
	
      
        
          Се одбива, се јавува како реакција, противдејствува.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Светлината се реперкуира од огледалото.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
  	  
       рефлектираат 
    
	
    
      Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
    
	
	
    
	
      
        
          За светлина, звук - одбива, одразува.
        
        
        
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
	
      
        
          Промислува, душевно разгледува.
        
        
        
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
	
    
	
      
        
          (се рефлектира) За светлина - се одбива од нешто. 
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Во огледалото се рефлектира светлината од ходникот. 
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
	
      
        
          (се рефлектира) Се одрази, се одразува, дојде, доаѓа до израз.
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Тешкиот живот се рефлектира врз неговите дела.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
  	  
       сликаат 
    
	
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
	
	
    
	
    
	
    
	
    
	
    
	
    
	
      
        
          (се слика) Се појавува како во огледало. 
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Стариот даб се сликаше во водата пред него.
              
            
          
          
          
		  
		  
		  
		  
		  
              
	
    
	
    
	
    
 
 
	
	  
	  
    
	
    
  	  
       шестаат 
    
	
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
	
	
    
	
      
        
          (најчесто со дума) размислува, премислува 
        
        
        
          
          Примери:
          
          
            
              Думале, шестале, какво чаре да бараат.